Екипи на јавните претпријатија во Охрид, со расположлива механизација почнаа со активности за расчистување на речните корита, диви депонии, одрони и други критични точки на територијата на општината.

Ќе се интервенира на локациите што сметаат за ризични и што се проблематични при поинтензивни врнежи и висок водостој на реките од езерското сливно подрачје.

Според градоначалникот Кирил Пецаков, активностите се важни за превенција од поплави и подобрување на протокот на водата во речните корита.

„Продолжуваме посветено да работиме за поубав Охрид“, објави Пецаков на својот профил на Фејсбук.

Exit mobile version