Американскиот претседател Доналд Трамп упати сериозна порака до иранското раководство преку својата социјална мрежа „Truth Social“, нагласувајќи дека американската војска сè уште не започнала со напади врз клучната инфраструктура на земјата.
Трамп во својата објава децидно најави можни удари врз цивилни објекти. „Нашата војска, најголемата и најмоќната (убедливо!) насекаде во светот, дури и не почнала да го уништува она што останало од Иран. Следни се мостовите, па електраните!“, напиша тој, додавајќи дека иранското раководство мора брзо да преземе соодветни чекори.
Ваквата реторика доаѓа во период на зголемена загриженост кај меѓународната јавност. Повеќе од 100 експерти за меѓународно право од престижните универзитети Харвард, Јеил и Стенфорд веќе потпишаа отворено писмо во кое предупредуваат дека нападите врз Иран би можеле да претставуваат воени злосторства. Според нив, изјавите на американските официјални лица „предизвикуваат сериозна загриженост за кршење на човековите права и меѓународното хуманитарно право“.

