Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар

    30.10.2026 во 13:22

    Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

    30.10.2026 во 13:07

    Подгответе ги чадорите: Од утре дожд

    30.10.2026 во 12:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
    • Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата
    • Подгответе ги чадорите: Од утре дожд
    • Победа на зеленилото над бетонизацијата: Во Бутел отворен новиот мега парк „Бутелска оаза“
    • Муцунски оствари средба со унгарскиот специјален пратеник Клеин: Потврдена стратешката соработка и европската перспектива
    • Дурмиши: Женското претприемништво мора да стане двигател на регионалниот економски развој
    • ЦУК: Јавете се на 112 само кога е итно – имаме повици за административни прашања
    • Нов инцидент на Блискиот Исток: Танкер погоден од чамец со експлозив во Ормускиот Проток
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп подготвува масовно укинување визи за 200 илјади лица

    Трамп подготвува масовно укинување визи за 200 илјади лица

    25.08.2026 во 09:392 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува мерка за укинување на туристичките и деловните визи за околу 200 илјади странски државјани кои во меѓувреме поднеле барање за азил во САД.

    Доколку биде спроведена, оваа одлука би претставувала најголемо еднократно масовно укинување на визи во историјата на Соединетите Американски Држави.

    Според документи на Стејт департментот до кои дошле медиумите, во следните неколку недели се очекува официјално да биде објавено укинувањето на таканаречените Б1 и Б2 визи. Станува збор за визи издадени во периодот од 2016 до 2026 година на лица кои откако пристигнале во земјата побарале азил.

    Процесот ќе се спроведува во директна координација со Министерството за внатрешна безбедност на САД.

    „Координираме со Министерството за внатрешна безбедност за да ги идентификуваме и укинеме визите на странски државјани кои пристигнале во САД претставувајќи се како краткорочни посетители, но потоа поднеле барање за азил за да останат трајно во земјата“, изјави портпаролот на Стејт департментот Томи Пигот.

    Правните експерти укажуваат дека мерката би можела да се соочи со правни предизвици и да биде оспорена пред американските судови.

    Откако Доналд Трамп го презеде вториот претседателски мандат, неговата администрација континуирано ги затегнува критериумите за американските визи. Меѓу новите правила беа воведени барања за дополнителни информации за активностите на социјалните мрежи, високи такси за обработка, како и целосна забрана за издавање визи за државјани на одделни земји.

    Прочитај повеќе

    Нов инцидент на Блискиот Исток: Танкер погоден од чамец со експлозив во Ормускиот Проток

    30.10.2026 во 11:35

    Жената што си го отру семејството со печурки осудена на доживотен затвор во Австралија

    30.10.2026 во 11:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.