Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да ги искористи сите расположливи средства за заштита на американските интереси, вклучувајќи ја и воената сила. Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денеска јасно порача дека претседателот не се двоуми да нареди воени операции доколку процени дека е потребно.

„Претседателот Трамп секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади се само една од многуте варијанти“, истакна Ливит. Таа додаде дека иако дипломатијата е секогаш прв избор, светот – а особено Иран – треба да знае дека Вашингтон нема да се повлече од употреба на воена сила доколку ситуацијата го бара тоа.

Exit mobile version