Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на демонстрантите во Иран да продолжат да протестираат и дека помошта е на пат.

Ирански патриоти продолжете да протестирате – преземете ја власта над вашите институции. Запомнете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите состаноци со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. Помошта доаѓа. MIGA (Направете го Иран повторно голем). Претседател Доналд Џ. Трамп, објави тој на својата социјална мрежа Truth Social.

Претходно денеска двајца неименувани извори од Министерството за одбрана на САД изјавија дека Трамп е запознаен со широкиот спектар на воени и тајни опции што би можеле да се користат против Иран, вклучително и мерки надвор од конвенционалните воздушни напади.

Според повеќе извори запознаени со ситуацијата, тимот за национална безбедност на Трамп денеска ќе одржи состанок во Белата куќа за да разговара за ажурираните опции за Иран, но не е познато дали американскиот претседател лично ќе присуствува на состанокот, објави Си-Би-Ес Њуз (CBS News).

Exit mobile version