Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата социјална мрежа „Truth Social“ соопшти дека е постигнат договор за 10-дневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан. Според неговите зборови, примирјето официјално започнува денеска во 23 часот по локално време.
„Имав одлични разговори со претседателот на Либан, Аун, и премиерот на Израел, Нетанјаху. Тие се согласија официјално да започнат прекин на огнот со цел постигнување МИР“, напиша Трамп, додавајќи дека ова е негово десетто успешно решавање на воени конфликти низ светот. Тој откри дека двете земји се сретнале директно во Вашингтон за прв пат по цели 34 години.


