Американскиот претседател Доналд Трамп изненади со позитивен тон кон Техеран, изјавувајќи дека Соединетите Американски Држави во моментов „многу добро се согласуваат со Иран“.
Ваквиот остар пресврт во реториката следува веднаш по завршувањето на најновите преговори и технички состаноци кои двете дебатирачки страни ги одржаа во Доха.
Шефот на Белата куќа пред новинарите јавно ги пофали постигнатите резултати, нагласувајќи дека процесот за денуклеаризација на Иран во овој момент добро напредува.
Трамп остана оптимист за понатамошниот тек на дипломатските односи, потенцирајќи дека по серијата успешни состаноци, допрва ќе се гледаат крајните ефекти од договореното.
- „Денуклеаризацијата на Иран добро напредува. Имавме многу добри состаноци, па ќе видиме. Добро се согласуваме. Иран многу напредува. Добри се тие“, им рече Трамп на новинарите.


