По силното невреме кое го зафати Скопје, благодарение на брзата, координирана и навремена реакција на службите, состојбата во градот за рекордно кратко време се нормализира, уверува скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
-Се перат улиците, се чистат земјените наноси, се отстрануваат паднатите гранки. Екипите на јавните претпријатија, надлежните институции и Кризниот штаб остануваат на терен и во текот на целата ноќ, со цел навремено да се реагира секаде каде што има потреба. Скопјани не се сами.Будни сме за Скопје, вели Ѓорѓиевски.


