Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата социјална мрежа „Тру соушал“ (Truth Social) упати серија остри пораки до сојузната држава Минесота, најавувајќи, како што вели, „ден на пресметка“. Трамп ја нападна локалната власт и демократите, обвинувајќи ги за свесно прифаќање на криминалци и хаос.

Претседателот директно ги запраша жителите на Минесота дали сакаат да живеат во заедници преплавени со „убијци, дилери, силувачи и опасни луѓе од странски ментални институции“. Според него, овие лица влегле во САД преку „ужасната политика на отворени граници“ на неговиот претходник Џо Бајден.

„Демократите ги сакаат немирите бидејќи тоа го одвлекува вниманието од украдените 19 милијарди долари. Не плашете се, големи луѓе од Минесота, денот на пресметка и одмазда доаѓа“, напиша Трамп, нагласувајќи дека федералните служби како ICE (Службата за имиграција) веќе работат на нивно отстранување.

Exit mobile version