Close Menu
Press24
    Најново

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    „Тато, не оди на Октоберфест…“Семејството на Александар го предупредило во пресрет на трагедијата

    23.09.2026 во 09:39

    Брат го пријавил братот во полиција – Семејна драма во Македонија

    22.09.2026 во 08:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Полицијата упадна во домот на скопјанец и веднаш го приведе
    • ВИДЕО: Инцидент меѓу Турција и Израел за време на говорот на Ердоган во ООН
    • Голем сајбер-инцидент: Хакерската група украла податоци од „скоро сите агенти на ФБИ“
    • Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот
    • Сопругата на Мицкоски на прием кај Меланија Трамп во Њујорк
    • Стартот на есента ќе биде потопол од просекот
    • МВР со акција низ цела Македонија – Не им простува на несовесните возачи
    • Трамп го упати Зеленски кај Илон Маск
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трајков пред Советот на ЕУ: Подобра имплементација и посилни институции се наш приоритет

    Трајков пред Советот на ЕУ: Подобра имплементација и посилни институции се наш приоритет

    23.09.2026 во 09:43Updated:23.09.2026 во 10:222 Mins Read
    Министерство за европски прашања
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија останува посветена на европската интеграција и на спроведувањето на реформите потребни за напредок во процесот на пристапување кон ЕУ, порача заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел.

    На дискусијата, како што информира Министерството за европски прашања, се разговарало за напредокот во областа на владеењето на правото во Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.

    Трајков истакнала дека секоја земја кандидат треба да се оценува според сопствениот напредок и исполнувањето на европските стандарди. Според неа, владеењето на правото е основа за функционирање на европска држава и за поголема доверба во институциите.

    Таа посочила дека пред земјава остануваат значајни предизвици, а како приоритети во следниот период ги издвоиле подобрата имплементација на реформите, зајакнувањето на институциите и постигнувањето конкретни и одржливи резултати.

    Во делот на правосудството, Трајков информирала за преземените законски и институционални мерки насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и ефикасноста на судството и обвинителството.

    Зборувајќи за борбата против корупцијата, таа ја истакнала потребата од зајакнување на превентивните и институционалните механизми, со акцент на транспарентноста, интегритетот и отчетноста.

    Како еден од чекорите во оваа насока ја посочила и новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за периодот 2026–2030 година.

    Трајков додала дека се работи и на унапредување на законските решенија и механизмите за постапување во случаи на организиран криминал и корупција, како и на реформите во казнената политика.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ФОТО: Полицијата упадна во домот на скопјанец и веднаш го приведе

    23.09.2026 во 10:39

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.