Трајанов: Институциите да дејствуваат без страв против криминалот, рекетот, нарко – бизнисот, насилството

Пратеникот Павле Трајанов и претседател на Демократскиот сојуз, не се согласува со оценките  дека безбедноста во државата е на највисоко ниво. Како што изјави вечерва  во „Топ тема“ на Телма, оправдана е реакцијата и револтот кај граѓаните, кои, како што рече, не се чувствуваат сигурни и безбедни.

По убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, Трајанов нагласи дека граѓаните не треба да се плашат, но треба да бидат претпазливи.

Toj апелираше до Владата, до државните институциии, се она што се пројавува како криминал, насилство, заплашување, рекет, нарко – бизнис, да дејствуваат, нагласи, без каков било страв. Според него, не смее политиката да се вмеша во работата на овие стручни институции и оперативци кои работат. Верувам, рече тој, дека таму има високо-стручни професионалнци, да не ги блокираат во извршувањето на нивните задачи.

–  Треба метла, кадровско прочистување на сите државни институции, да не останат партиски неспособни кадри, да не кажам тежок збор „кретени класични“ да работат на високи позиции, да зазимаат во државата. Затоа слаба администрација, слаби инситуции, лоша безбедност, заклучи во Топ тема, Трајанов.

04.12.2023 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега