Тракторист загинал денеска во несреќа што се случила на патот од градот Кавадарци кон селото Дреново. Смртта на машкото лице е констатирана од екипа на Итна медицинска помош.

Трагичниот настан го потврди Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош во Кавадарци.

„Наша медицинска екипа замина на лице место веднаш по дојавата за несреќата. Но, за жал, можела само да констатира смрт кај едно машко лице од селото, родено 1971 година“, појасни Паракеов.

Според информациите, лицето починало веднаш откако се превртел тракторот со кој управувало.

Exit mobile version