Во близина на аеродромот во Суботица, се урна спортски авион. Еден член на екипажот почина на местото на несреќата, објави N1.

Околу 16:55 часот, беше пријавено дека спортски авион се урна во близина на аеродромот Биково.

Во авионот имало двајца мажи – едниот починал на лице место, а другиот бил пренесен во болница во Суботица.

Истрагата е во тек, но работата на терен е отежната поради мракот и маглата.

Exit mobile version