Трагедија во Радишани: Загина велосипедист во тешка сообраќајка

Голема трагедија штотуку се случи на обиколница на излезот во Радишани, Скопје. Загина велосипедист во тешка сообраќајка. Го удрил возач со автомобил.

Репортерот од терен на Прес24, пренесува дека очевидците велат дека излетал од мостот и паднал од голема висина, при што починал на лице место.

За овој настан од МВР нема потврда. На терен се екипи на МВР и тим на Брза помош. Очевидците за Прес24 тврдат дека покриеното тело на починатиот, се уште е на лице место.

17.11.2022 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега