Вчера во 07:33 часот во СВР Битола, А.В. од село Беровци, прилепско пријавил дека во нива во атар на истото село го пронашол починат, со прострелна рана во пределот на градниот кош, својот татко С.В.(68) од с.Беровци, информираа од МВР. 

Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт, а во возилото била пронајдена ловечка пушка со испалена чаура во цевката.

Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција. 

Exit mobile version