Вчера во 17:43 часот во СВР Куманово, лекар од Итна помош Куманово пријави дека во дворно место на улицата „Средорек“ во Куманово била пронајдена почината Г.Д. (50) од Куманово.
Увид извршила екипа од СВР Куманово. Телото е предадено на Институт за судска медицина Скопје за вршење обдукција.


