Утрово во 04:50 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир – Крива Паланка, во атар на с.Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа” со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) од Косово, излетало од патот и паднало во провалија.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Н.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. 

Exit mobile version