Вчера во 13:36 часот во СВР Скопје, 16-годишник од село Грчец, општина Сарај, пријавил дека околу 13:00 часот во семејниот дом дошле две машки и три женски лица и физички го нападнале неговиот брат Д.Г.(21) и неговата малолетна девојка, при што малолетничката ја земале со нив и заминале, се наведува во полицискиот билтен.

Според пријавеното, двајца од нив, биле родители на малолетничката.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Exit mobile version