Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, официјално поднесе кандидатура за функцијата Државен јавен обвинител на Република Северна Македонија. Во пријавата доставена до Собранието, Панчевски наведува дека ги исполнува сите општи и посебни законски услови за извршување на оваа висока функција.

Панчевски, кој има долгогодишно искуство како судија во кривичната област, доставил докази за исполнување на критериумите од Законот за јавното обвинителство, вклучително и потребниот работен стаж. Оваа кандидатура доаѓа во време кога државното обвинителство го води вршител на должност, по оставката на Љупчо Коцевски во декември минатата година.

Exit mobile version