Трагедија во Кочани: Работник со тешки повреди бил однесен во болница, а потоа починал

Работник од Кочани, починал како последица од повредите со кои се здобил додека извршувал работни задачи на своето работно место.

-Вчера во 18:20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во фирма во Кочани, додека извршувал работни задачи, се повредил 44-годишниот К.А.од Кочани, по што бил пренесен во Општа болница Кочани, каде што по кратко време починал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - информира МВР.  

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2020 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега