Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија во Холандија: Автомобил покоси ученици на екскурзија, загинаа три деца и еден возрасен

    Трагедија во Холандија: Автомобил покоси ученици на екскурзија, загинаа три деца и еден возрасен

    12.06.2026 во 09:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Четири лица, од кои три деца и едно возрасно лице, го загубија животот откако автомобил налета и удри во група велосипедисти во југозападниот дел на Холандија.

    Страотната сообраќајна несреќа се случила во близина на местото Фогелварде, во покраината Зеланд, кога возило излетало од патот и удрило во група од 14 ученици и двајца возрасни кои биле на училишна екскурзија.

    Три лица починале на самото место, додека четири со тешки повреди биле пренесени во болница, каде подоцна едно од нив им подлегнало на повредите.

    Полицијата веднаш привела 19-годишен маж, но се уште се истражува неговата точна поврзаност со несреќата и дали тој бил зад воланот.

    Локалните медиуми јавуваат дека возачот не ја следел кривината на патот, продолжил право и удрил во децата кои се движеле по посебната велосипедска патека. Настраданите ученици биле од основно училиште во градот Аксел.

    Во масовната спасувачка акција на терен биле ангажирани дури седум амбулантни возила и три медицински хеликоптери, а повредените се згрижени во болници во Гент, Антверпен и Ротердам.

    По повод трагедијата со официјална изјава излезе и холандскиот премиер Роб Јетен, кој истакна дека е шокиран од настанот.

    „Она што требаше да биде еден од најубавите денови за секое дете и секое основно училиште – училишната екскурзија – заврши во кошмар“, изјави тој.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.