Двајца пожарникари го загубија животот за време на интервенција на голем пожар што избувна на грчкиот остров Крит, во близина на градот Ретимнос, јавуваат грчките медиуми.

Според неофицијални информации, нивното противпожарно возило останало заглавено меѓу огнените јазици за време на интервенцијата на терен.

Пожарот избувнал околу 14:30 часот во подрачје со ниска вегетација. Во неговото гаснење учествуваат 110 пожарникари, шест пешадиски тимови, 27 противпожарни возила и четири хеликоптери, а поддршка даваат и цистерни на локалната самоуправа.

Поради опасноста од ширење на огнот, преку системот 112 е испратено предупредување до жителите на селото во непосредна близина со повик веднаш да се евакуираат.

Гаснењето дополнително го отежнува силниот ветер, кој придонесува пожарот брзо да се шири.

Exit mobile version