Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 24-годишник и 20-годишник, двајцата од скопско, пријавиле дека биле измамени од Х.Д. за сума од 923.000 денари и 1.390.000 денари.
Според пријавеното, Х.Д. ги убедил да инвестираат пари во крипто валути. Парите ги уплаќале во менувачница, по што им биле праќани известувања по меил дека парите се уплатени.
Откако решиле да ги подигнат парите и добивката, на 24-годишникот му било кажано дека не може без согласност од Х.Д., додека на 20-годишникот дека мејловите се невистинити, по што и двајцата сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Утре и задутре авионска дезинсекција против комарци во Скопје
- „Добро се сложуваа, немаше никакви знаци…“- Лав уби лавица во зоолошката градина во Загреб
- Велковски и Рокас на средба: Поддршка од ЕУ за социјалните реформи, младите и демографијата
- Убедил двајца скопјани да инвестираат во криптовалути, па им зел над 2,3 милиони денари
- Пукање во Арачиново: Оштетено хауба на паркирано возило во двор на семејна куќа
- Закрепнува девојчето кое ги загуби родителите и бебето-братче во сообраќајка на Халкидики, еве кој се грижи за неа
- Словенечката компанија ИНЕА разгледува инвестиција од 15 милиони евра во ТИР зоните
- Прогласена вонредна состојба во три градови во Србија


