Трагедија: Почина тригодишно дете заклучено во автомобил на 45 степени температура


Тригодишно девојче починало откако било заклучено во загреан автомобил во Калифорнија, по што била уапсена нејзината 41-годишна мајка Сандра Хернандез, јавува Еј-би-си Њуз.

Во петокот во 16:20 часот, полициските и противпожарните екипи примиле пријава за девојче и нејзината мајка кои биле во несвест во автомобил, соопшти полицијата во Анахајм.

Член на семејството ги нашол мајката и ќерката заклучени во автомобилот, а не им било јасно колку време биле во паркираното возило, соопшти полицијата. Девојчето подоцна беше прогласено за мртво во болница.

„Се сомневаме дека детето починало од компликации предизвикани од топлотен удар, но се чека официјалниот извештај од обдукцијата“, соопштија од полицијата.

41-годишната мајка била сослушана во болница, а била уапсена откако била отпуштена од болница.

„Жената е уапсена под обвинение за ненамерно убиство и занемарување на детето. Во автомобилот се пронајдени неколку празни шишиња алкохол. Истрагата е во тек“, соопштија од полицијата.

Температурата во петокот во Анахајм достигна 45 степени Целзиусови. Температурата била околу 40 степени кога мајката и ќерката биле пронајдени во автомобилот, соопшти полицијата.

11.09.2024 - 09:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега