Седуммесечно палестинско бебе го загуби животот, а неговите родители се ранети по престрелка од страна на израелските сили во областа Тел Румеида, јужно од Хеброн на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесува Ројтерс.
Локалните здравствени власти потврдија дека во инцидентот е убиен седуммесечниот Сем Фахд Абу Хаикал, додека неговите родители со прострелни рани биле итно пренесени во болница, каде нивната состојба е оценета како умерено сериозна.
Инцидентот се случил во близина на воениот контролен пункт познат како „Контролна точка 17“, каде семејството патувало со автомобил во моментот кога израелските војници отвориле оган кон возилото.
„Еден куршум го погоди мојот внук, му помина низ лицето и главата и ја погоди мајка ми во образот, каде што застана“, рече таа.
Од друга страна, израелската армија соопшти дека за време на воената операција во областа на Хеброн, војниците забележале возило за кое процениле дека со голема брзина се движи директно кон нив, по што еден војник испукал неколку куршуми.
Во военото соопштение се потврдува дека во инцидентот се ранети тројца Палестинци, но првичната истрага веќе покажала дека настраданите биле цивили кои воопшто не биле вклучени во никаков инцидент, поради што случајот дополнително ќе се истражува.


