Вчера околу 17:10 часот во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(34) од с.Маврово, гостиварско и патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(63) од Скопје, соопштија од МВР.
Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал возачот на возилото „опел астра“, Ѓ.П. (63), а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Возачот на возилото „пежо“, Н.С.(34) се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар во Гостивар за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
- Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
- Жена нападната од сопругот со кој се разведува
- Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
- Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
- Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
- Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
- Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
- Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец


