Трагедија на Мајорка: Девојче паднало од тераса додека родителите спиеле во собата

Трагедија се случила на Мајорка кога 11-годишно девојче загина по пад од хотелска тераса во едно од популарните одморалишта во оваа шпанска дестинација.

Детето паднало од седмиот кат, односно од над 20 метри височина, а како дошло до несреќата, сѐ уште не се знае.

Девојчето по потекло од Ирска била на одмор со родителите на популарната туристичка дестинација.

Според медиумите, семејството требало да го напушти хотелот во понеделникот и да се врати во Ирска, но трагичниот настан се случил рано утрото околу 6 часот.

Во моментот на трагедијата родителите спиеле во собата.

Девојчето паднало од терасата право на натстрешницата на ресторанот на приземјето. Веднаш по падот, спасувачите пристигнале во хотелот и се обиделе да го оживеат, но бргу била констатирана смрт.

Според британски „Мирор“, родителите имаат уште две деца, но не се знае дали тие биле со нив во хотелската соба во моментот на несреќата.

Според написите, Мајорка со години има проблем со паѓања над терасите, кои најчесто се поврзани со акробации, кои ги изведуваат млади луѓе во алкохолизирана состојба.

23.07.2024 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега