Close Menu
Press24
    Најново

    Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“

    29.10.2026 во 17:35

    МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана

    29.10.2026 во 17:26

    Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција

    29.10.2026 во 17:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“
    • МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана
    • Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција
    • Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини
    • Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам
    • Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари
    • МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија на автопатот А3 во Хрватска: Изгоре камион со македонски таблички, загина возачот

    Трагедија на автопатот А3 во Хрватска: Изгоре камион со македонски таблички, загина возачот

    06.05.2026 во 09:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случи вчера на автопатот А3 кај местото Среданац, во правец кон Брегана. Во несреќата учествувал камион кој по излетување од коловозот целосно изгорел, при што животот го загубил возачот кој останал заробен во кабината.

    Според информациите од Полициската управа Брод-Посавина, несреќата е пријавена во 14:15 часот во подрачјето на општина Доњи Андријевци.

    „Утврдено е дека засега непознатиот возач го возел камионот во јужна лента, по што тој излетал од патот по северната страна“, соопшти полицијата, додавајќи дека на местото се пронајдени регистарски таблички од Република Северна Македонија.

    Истрагата покажала дека камионот прво ја пробил централната заштитна ограда, удрил во столб за улично осветлување и преминал во спротивната лента. По лизгањето, возилото повторно удрило во заштитната ограда и во друг столб, по што избувнал пожар.

    Камионот бил целосно проголтан од пламенот заедно со возачот. На терен интервенирале противпожарните единици и екипи на ХЕП поради оштетената електрична мрежа и паднатите далноводи.

    Поради сериозноста на несреќата, сообраќајот на овој дел од автопатот беше во неколкучасовен прекин или се одвиваше под посебен режим додека траеше полицискиот увиди и санирањето на штетите.

    Хрватската полиција продолжува со активностите за утврдување на идентитетот на починатиот и сите околности кои довеле до оваа тешка трагедија.

    Прочитај повеќе

    Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“

    29.10.2026 во 17:35

    МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана

    29.10.2026 во 17:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.