Трагедија: Млад велешанец почина во затворот Идризово

Велешанец на 27-годишна возраст кој издржувал казна затвор починал во затворот „Идризово“ информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 03.02.2023 во 15.15 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворот починал осуденикот Д.Х.(27) од Велес.Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а на телoто немало видилив траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

04.02.2023 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега