Утрово во 08:56 часот во СВР Тетово, од Територијалната противпожарна единица Тетово било пријавено дека на улицата „Вон Вардарска“ во Тетово настанал пожар во куќа.
Откако пожарот бил локализиран, било забележано дека во внатрешноста има едно починато лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


