Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани донесе нов Правилник за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице, со кој се прави значаен чекор кон поедноставување и забрзување на постапките за граѓаните.
Со Правилникот подетално се уредуваат постапката за поднесување на барање, потребната документација, начинот на работа на стручните комисии и второстепената комисија, како и издавањето и евиденцијата на наодите, оцените и мислењата.
Клучната новина е што кон барањето ќе се доставува наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице, изготвено од стручна комисија.
Оваа промена носи двојна придобивка:
- за стручните служби – појасна и поефикасна процедура;
- за корисниците – поедноставена постапка и побрз процес за стекнување на правото на надоместок.
Продолжуваме со политики што значат поедноставни процедури, побрзи услуги и поголема поддршка за граѓаните на кои таа им е најпотребна.


