Вчера шест пријавени настани со семејно насилство, лишени од слобода пет лица во Гостивар, Крива Паланка, Битола и Охрид
На 10.03.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.З.(27) од с.Долна Бањица, гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга дека, поради меѓусебно недоразбирање, упатувал закани на нејзините мајка на социјална мрежа.
На 10.03.2026 во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.Д.(18) од Крива Паланка затоа што физички го нападнал неговиот татко.
На 10.03.2026 во 00:45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Е.В.М.(49) од Крива Паланка затоа што физички нападнал 16- годишник, син на неговата сопруга.
На 10.03.2026, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Р.(33) од битолско село, затоа што, според пријавеното, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 25 – годишна сопруга.
На 10.03.2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп, 45 – годишна прилепчанка пријавила дека во семејниот дом во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.Ш..
На 10.03.2026 во 23:15 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода О.Л.(44) од Охрид затоа што претходно во семејниот дом физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивното малолетно дете.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.


