Трагедија: Излетал со „Мазда“, па починал на пат кон болница

Минатата ноќ во 23.55 часот била пријавена сообраќајна несреќа на местото викано „Макази“ на патот Битола - Ресен.

„На 28.11.2022 во 23.55 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано „Макази“, патничко возило „мазда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(21) од Ресен, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.М.(28) од с.Јанковец, ресенско, кој на пат кон Клиничката болница во Битола починал, а смрт констатирал лекар од болницата. Со телесни повреди се здобила С.Ш.“, информираат од МВР.

Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен.  

29.11.2022 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа