Десет лица го загубија животот во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла, Босна и Херцеговина. Пожарот се проширил на седмиот кат од објектот, каде што биле сместени луѓе со попреченост.

Според неофицијални информации на Кликс.ба, се претпоставува дека смртта на жртвите најверојатно настанала поради задушување, бидејќи лицата со попреченост не можеле самостојно да се евакуираат.

Во пожарот загинаа десет лица, додека пет лица се хоспитализирани во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.

Двајца од хоспитализираните се на одделението за интензивна нега, во критична состојба.

Кантоналната полиција извести дека пожарот е ставен под контрола во 22:00 часот. Во тек е истрага за да се утврди точната причина за трагедијата.

Exit mobile version