Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ќе ја предводи делегацијата што ќе го посети првороденото бебе во 2026 година на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК).

Покрај посетата на државната клиника, министерот ќе го посети и првороденото бебе во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир.

Годинава, делегацијата е во проширен состав. Заедно со министерот Алиу, најавено е присуството на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заменикот министер за здравство, Јовица Андоновски, како и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска.

За време на посетата во болницата во Чаир, на делегацијата ќе ѝ се придружи и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Exit mobile version