Седумдесетгодишна жена од струшкото село Мислодежда го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне во Струга.
Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена на 21.02.2026 година околу 16:30 часот. На улицата „Струшки Кепенци“, товарно возило марка „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Н.О. од Струга, удрило во пешакот И.И. (70).
По ударот, жената веднаш била пренесена во Медицинскиот центар во Струга за укажување на лекарска помош, но за жал, подоцна им подлегнала на повредите. Увидна екипа од ОВР Струга извршила увид на местото на настанот, а неколку часа подоцна, во 21:40 часот, полициските службеници го лишиле од слобода возачот Н.О. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

