Тошковски: Владата им забранува на вработените во МВР да сликаат за пасоши
Откако Владата по укажување на дополнителниот заменик министер укина пет наредби, со реакција излезе министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој за „Република“ вели дека ова е срамна и незаконита одлуката на Владата и оти ови пет наредби не се однесуваат во делотворот на потребата од врзан потпис според Законот на влада, туку се однсуваат на редовно работење.
Едната наредба е за упатување на лице во управните служби која треба во Ново село да врши фотографирање на граѓаните за да добиат право на лични документи. Останатите четири наредби се однесуваат на четворица од мојот кабинат на кои јас им давам одлуки за постапување-објасни Тошковски за „Република“.
Но, овие наредби Владата ги прогласи за ништовни, за што министерот смета дека е направено незаконски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа