Тошковски: Успеаме - нов пасош сега се вади за 15 дена
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски прогласи крај на кризата со чекање за подигнување на нови лични документи и недоволен број на обрасци. Рече дека тие се вадат во законски предвидениот рок.
- Од сега па натаму ќе може да си го остварат во законски предвидениот рок правото кое што им следува. Знам дека повеќе не е тема во јавноста, затоа што повеќе не е проблем, но ние ветивме дека же го решиме и ете го решивме,рече Тошковски.
Министерот додаде дека полицијата секогаш ќе биде максимално фокусирана да ги поедноставува постапките.Додаде дека за месец и пол дена ќе започне реновирањето на пунктот залични документи во зградата на МРТ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа