Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Светот се соочува со традиционални закани, но и со сајбер војни, злоуотреба на технологогија, екстремизам и дезинформации

    Тошковски: Светот се соочува со традиционални закани, но и со сајбер војни, злоуотреба на технологогија, екстремизам и дезинформации

    22.09.2025 во 11:002 Mins Read
    Facebook
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Се наоѓаме во клучен момент од нашата историја кога безбедносните предизвици повеќе не се ограничени само на традиционалните закани како што е организираниот криминал, трговијата со дрога и корупцијата, туку се преплетуваат со нови и се посложени опасности, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на отворањето на ретренинг Конференција на европскиот огранок од Асоцијацијата на националната Академија на Сојузното биро за истраги (ФБИ), што започна денеска во Скопје. 

    „Денес сме сведоци на појава на сајбер закани и сајбер војувања, злоупотреба на технологија, традиционален екстремизам и претворање на дезинформациите во оружје што ја менува природата на безбедносната средина што ја работиме. Оваа реалност не бара од нас само будност и реактивност, туку визија и подготвеност да ги преиспитаме старите модели, да прифатиме иновации и да создадеме подлабока и поквалитетна меѓународна соработка“, рече Тошковски. 

    Од нас, потенцира тој, се очекува да бидеме агилни и екслузвни, да размислуваме однапред и да градиме политики и практики што ќе бидат доволно флексибилни за да одговарат не денешните предизвици но и доволно стратешки за да ги предвидат оние кои допрва доаѓаат. 

    „Истовремено не смееме да заборавиме дека колку и да се развива технологијата нашите основни вредности мора да останат цврсти и недопрени. Како полицајци и професионалци во областа на безбедноста сите ние имаме заедничка мисија да му служиме на народот и да ја штитиме државата. Оваа конференција е можност не само за размена на искуства и идеи, туку и за обновување на нашата заедничка посветеност кон вредностите што не обединуваат како што се заштитата на граѓаните, јакнење на владеење на правото и зацврстување на довербата во институциите“, рече Тошковски. 

    На отворањето на Конференцијата зборуваше и Вилијам Габон, претседател на Асоцијацијата на националната Академија на ФБИ. 

    Габон истакна дека Скопје е историски град кој што се наоѓа на крстосница и каде историјата шепоти од неговите камења а иднината зависи од оние што се посветени на правдата, соработката и најважно пријателството. Овој собир, рече тој, е посветен на поврзување со професионалци кои размислуваат слично во Европа и светот. 

    Конференцијата се одржува од 20 до 24 септември во Скопје. 

    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.