Close Menu
Press24
    Најново

    За прв пат откако функционира „Безбеден град“: Никој не поминал на црвено светло

    25.02.2026 во 11:07

    Спремете се за гужви – Три дена посебен сообраќаен режим во Скопје

    25.02.2026 во 11:02

    Трамп ја нарече Меланија „филмска ѕвезда“

    25.02.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • За прв пат откако функционира „Безбеден град“: Никој не поминал на црвено светло
    • Спремете се за гужви – Три дена посебен сообраќаен режим во Скопје
    • Трамп ја нарече Меланија „филмска ѕвезда“
    • Пекол во Украина: Русија лансираше 115 дронови во масовен ноќен напад
    • Одбраната на сопственикот на „Пулс“: Во затворот се однесуваат нечовечки и понижувачки со него
    • Николоски: Силно се развива авиосообраќајот – Отворени 22 нови авиолинии што не поврзуваат со цела Европа
    • Драма на матурска екскурзија: Ограбени средношколци во Шпанија, крадците влетале во собите со ножеви
    • Обвинителите се бунат: Не сакаме пониски плати, имаме најниски во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Светот се соочува со традиционални закани, но и со сајбер војни, злоуотреба на технологогија, екстремизам и дезинформации

    Тошковски: Светот се соочува со традиционални закани, но и со сајбер војни, злоуотреба на технологогија, екстремизам и дезинформации

    22.09.2025 во 11:002 Mins Read
    Facebook
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Се наоѓаме во клучен момент од нашата историја кога безбедносните предизвици повеќе не се ограничени само на традиционалните закани како што е организираниот криминал, трговијата со дрога и корупцијата, туку се преплетуваат со нови и се посложени опасности, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на отворањето на ретренинг Конференција на европскиот огранок од Асоцијацијата на националната Академија на Сојузното биро за истраги (ФБИ), што започна денеска во Скопје. 

    „Денес сме сведоци на појава на сајбер закани и сајбер војувања, злоупотреба на технологија, традиционален екстремизам и претворање на дезинформациите во оружје што ја менува природата на безбедносната средина што ја работиме. Оваа реалност не бара од нас само будност и реактивност, туку визија и подготвеност да ги преиспитаме старите модели, да прифатиме иновации и да создадеме подлабока и поквалитетна меѓународна соработка“, рече Тошковски. 

    Од нас, потенцира тој, се очекува да бидеме агилни и екслузвни, да размислуваме однапред и да градиме политики и практики што ќе бидат доволно флексибилни за да одговарат не денешните предизвици но и доволно стратешки за да ги предвидат оние кои допрва доаѓаат. 

    „Истовремено не смееме да заборавиме дека колку и да се развива технологијата нашите основни вредности мора да останат цврсти и недопрени. Како полицајци и професионалци во областа на безбедноста сите ние имаме заедничка мисија да му служиме на народот и да ја штитиме државата. Оваа конференција е можност не само за размена на искуства и идеи, туку и за обновување на нашата заедничка посветеност кон вредностите што не обединуваат како што се заштитата на граѓаните, јакнење на владеење на правото и зацврстување на довербата во институциите“, рече Тошковски. 

    На отворањето на Конференцијата зборуваше и Вилијам Габон, претседател на Асоцијацијата на националната Академија на ФБИ. 

    Габон истакна дека Скопје е историски град кој што се наоѓа на крстосница и каде историјата шепоти од неговите камења а иднината зависи од оние што се посветени на правдата, соработката и најважно пријателството. Овој собир, рече тој, е посветен на поврзување со професионалци кои размислуваат слично во Европа и светот. 

    Конференцијата се одржува од 20 до 24 септември во Скопје. 

    Популарно

    Нека не ве лаже сонцето – Полицијата ќе ве казни 2800 денари ако го немате ова во возилото

    25.02.2026 во 08:13

    Собранието расправа за платите на функционерите, судиите, обвинителите

    25.02.2026 во 08:06

    Ужас во регионот: Наместо вода бабата му сипала бензин, бебето течноста ја испило во градинка и се затруло

    25.02.2026 во 09:15

    Што значи ако кокичињата цветаат пред крајот на февруари – еве зошто треба да бидеме загрижени

    25.02.2026 во 09:20

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.