Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изнесе шокантни податоци од пробниот период на системот „Безбеден град“ (Safe City): за само еден ден се регистрирани 110.000 сообраќајни прекршоци.

Оваа бројка, презентирана на Националната конференција за безбедност на сообраќајот, јасно ја покажува алармантната состојба во сообраќајот и оправданоста за воведување на системот.

Министерот Тошковски најави дека иако системот е целосно функционален, почетокот на казнувањето за регистрираните прекршоци е можно да се помести за 1 февруари.

Одложувањето се прави за да им се даде дополнително време на граѓаните целосно да се запознаат со функционирањето на системот.

Exit mobile version