Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Н.Е. Кристоф Зомер.

Разговаравме за досегашната одлична соработка меѓу нашите две земји и за можностите таа дополнително да се продлабочи преку нови заеднички проекти и иницијативи, рече Тошковски.

„Посебно внимание посветивме на партнерството во областа на миграцијата, каде што континуираните работни дијалози и размената на искуства се клучни за поефикасно справување со заедничките предизвици. Ја потврдивме и силната полициска соработка меѓу институциите, која дава конкретни резултати и претставува важен столб во нашите билатерални односи.

Убеден сум дека со заемна доверба и партнерски пристап ќе продолжиме да градиме стабилна и долгорочна соработка во интерес на безбедноста и стабилноста на нашите граѓани“, истакна Тошковски.

Exit mobile version