Тошковски на средба со амбасадорите на Босна и Херцеговина и Холандија: Нови чекори кон зајакнување на безбедносните структури

 


Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јачимовиќ.

Министерот Тошковски ја потенцираше одличната досегашна соработка со Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина и изрази подготвеност за продлабочување на соработката, меѓу другото, и преку усогласување на неколку акти, како што се Меморандумот за поддршка и соработка во областа на заедничките обуки и Протоколот за соработка во областа на форензичките испитувања и вештачења, кои ќе овозможат олеснување на ваквата соработка.

Исто така, денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба и со холандската амбасадорка Н.Е. Озлем Канел, на која се разговараше за реформите во безбедносниот сектор и соработката на заедничките проекти и прашања од областа на безбедноста. Беше разговарано за склучување на договор за полициска соработка меѓу владите на двете земји, кој ќе ја дефинира соработката во областите на борбата против екстремизмот и тероризмот, борбата против трговијата со дрога, како и во областа на форензиката, компјутерскиот криминал итн. 

11.09.2024 - 16:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега