Close Menu
Press24
    Најново

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Ќе се шокирате кога ќе видите што се случувало во аферата „Мазут“

    Тошковски: Ќе се шокирате кога ќе видите што се случувало во аферата „Мазут“

    01.09.2026 во 14:392 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува продолжената истрага за случајот „Мазут“ да ги расчисти сите околности и вели дека информациите со кои е запознаен може да ја фрапираат јавноста кога ќе бидат објавени.

    „Не е битно дали министерот за внатрешни работи е задоволен или не е задоволен од која било одлука на Јавното обвинителство, битно е дали граѓаните на крајот ќе видат правда“, изјави Тошковски, коментирајќи ја одлуката на Вишото јавно обвинителство да продолжи постапувањето по предметот.

    Тој изрази надеж дека Обвинителството професионално ќе ги разгледа сите детали во случајот и посочи дека информациите што му биле пренесени од истражителите кои работеле на предметот се сериозни.

    „Информациите коишто беа споделени со мене, а се поврзани со предметниот случај, навистина сум сигурен дека ќе ја фрапираат јавноста кога ќе бидат споделени со јавноста“, рече Тошковски, без да открие повеќе детали.

    Вишото јавно обвинителство претходно ја укина наредбата за запирање на истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ и го задолжи ОЈО за гонење организиран криминал и корупција да продолжи со постапката, да прибере дополнителни податоци од повеќе институции и да нареди нови вештачења.

    ОЈО ГОКК во мај ја затвори истрагата со образложение дека по едногодишно постапување не биле потврдени наводите од кривичната пријава. Предметот опфаќаше 13 лица, а вредноста на набавките што беа предмет на истрагата изнесува 167 милиони евра.

    Прочитај повеќе

    Пукање на универзитет, шест деца меѓу повредените во Талахаси

    26.10.2026 во 09:37

    Министер за меѓународни партнерства и странски инвестиции Зулфикар Зејнула во прва официјална посета на Турција: Средба со министерот за надворешни работи Хакан Фидан

    25.10.2026 во 12:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.