Close Menu
Press24
    Најново

    Финска го укинува нуклеарното табу: Атомско оружје како штит од руската закана

    05.03.2026 во 21:20

    Трамп: Куба ќе падне

    05.03.2026 во 20:57

    Дипломатски „семафор“: Србија ја стави Хрватска во ризична зона, Загреб одговори со потсмев

    05.03.2026 во 20:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Финска го укинува нуклеарното табу: Атомско оружје како штит од руската закана
    • Трамп: Куба ќе падне
    • Дипломатски „семафор“: Србија ја стави Хрватска во ризична зона, Загреб одговори со потсмев
    • Драма во Словенија: Полицијата усмрти маж на плоштад во Љубљана
    • Франција испраќа оклопни возила во Бејрут: Макрон застанува зад либанската армија
    • Британија испраќа борбени авиони во Катар и започнува масовна евакуација од Оман
    • Охриѓанец ќе одговара кривично – полицијата му најде дрога
    • Трамп бара помилување за Нетанјаху: „Му треба мир за да ја добие војната со Иран“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци, институциите постапуваат

    Тошковски: Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци, институциите постапуваат

    23.09.2025 во 13:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци, од повеќе страни, на повеќе полиња имаме загрозување на одредени витални точки во државата, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, посочувајќи дека МВР постапува и дека во овој момент не може да изнесе повеќе детали во јавноста.

    Прашан дали има некоја нова трага или осомничени за центрите на моќ, кои според реториката слушаме дека стојат зад пожарите, Тошковски, само кратко одговори „да, имаме“, без да даде повеќе детали.

    -Хибридни закани е поим што многу често се користи во рамки на научна мисла и во рамки на праксата, особено од страна на безбедносни служби. Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци, од повеќе страни, на повеќе полиња имаме загрозување на одредени витални точки во државата. Тоа сите го гледаме. Тоа го гледа македонскиот народ, тоа го гледате Вие новинарите, тоа го гледаат и институциите. Дали постапуваме? Постапуваме. Дали можам дополнително да изнесам информации во јавност во овој момент? Не, изјави Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по 16-та меѓународна научна конференција „Системска корупција – најголемата безбедносна закана: Безбедносно-стратешки пристапи за решавање на сложените предизвици“, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје.

    Прашан дали е утврдено кои се центрите на моќ кои стојат зад пожарите, Тошковски вели дека повеќе детали во овој момент не може да сподели

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    Кој ќе го купи Аудито на Мерко – Почетна цена од 21.800€

    05.03.2026 во 10:12

    Избегната еколошка хаварија во Македонија: 10 години се чувале 10 тони „темпирана бомба“ – опасен хемиски отпад среде Скопје

    05.03.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.