Close Menu
Press24
    Најново

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Топлотни бранови ја пржат Европа – регистриран најтоплиот јуни во историјата

    Топлотни бранови ја пржат Европа – регистриран најтоплиот јуни во историјата

    09.07.2026 во 13:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Западна Европа го забележа најжешкиот јуни досега, покажуваат податоците на европската служба за следење на климата „Коперникус“. Регионот се соочува со нов топлотен бран, додека пожарите пустошат делови од Франција и Шпанија.

    Според „Коперникус“, смртоносниот јунски топлотен бран ги зголемил температурите на површинскиот воздух во Западна Европа за 3,06 степени Целзиусови над просекот од последните децении.

    На глобално ниво, јуни 2026 година бил за 0,56 степени потопол од просекот за периодот 1991-2020 година и за 1,39 степени потопол од прединдустриското ниво. Со тоа, месецот е втор најтопол јуни досега.

    Климатската научничка Саманта Бургес од „Коперникус“ предупредува дека овие податоци покажуваат оти климатскиот систем продолжува да акумулира топлина. Последиците, според неа, се поинтензивни топлотни бранови, постојано загревање на океаните и зголемени ризици за луѓето, екосистемите и инфраструктурата.

    Западна Европа во моментов се соочува со трет топлотен бран за шест недели, а сушата дополнително го зголемува ризикот малите пожари брзо да прераснат во неконтролирани огнени стихии.

    Во последните денови, големи делови од јужна Европа беа зафатени од пожари, поради што Европската Унија испрати пожарникари и авиони за гаснење за да им помогне на националните служби.

    Податоците објавени неделава покажуваат дека пожарите во ЕУ досега изгореле 56 проценти повеќе земјиште од вообичаеното. Во Франција изгорената површина е четири пати поголема од просекот за овој период од годината, со 35.400 хектари, додека во Шпанија е двојно над просекот, со 55.128 хектари зафатени од огнот.

    Прочитај повеќе

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.