УХМР ги измери температурите ова утро во градовите низ Македонија. Мерните станици покажаа дека најсвежо утро има на Попова Шапка каде се измерени 18 степени во осум часот, по што следи Берово со 19 степени.

УХМР утрово измери највисока температура во Гевгелија и Велес, од 26 степени. Следат Кавадарци со 25 степени, Струмица и Зајчев Рид со 24.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Во попладневните часови локално се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за невреме проследено со силен ветер и град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а максималните ќе достигнат од 30 до 38 степени.

УХМР

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне, во делови од котлината, ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се спушти до 18 степени, а дневната ќе достигне до 37 степени.

Во текот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно и сончево, со мала до умерена облачност. И утре во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места е можна и појава на невреме со силен ветер и град.

Exit mobile version