Тони Сали постхумно го доби признанието за најдобар средношколец

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вечерва додели специјални признанија и парични награди на матурантите – првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта, на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ која се одржа на Школката во Градскиот парк, информира Градот.

– Нема поголемо задоволство за градоначалник на еден град од тоа кога ја гледа иднината на својот град вака собрана на едно место. Годинава доделуваме 34 награди за првенците на генерацијата од 23-те скопски средни училишта. За жал, едната награда ја доделуваме постхумно, за таа трагедија сме сите известени, но тоа дете ја заслужи оваа награда која Градот со задоволство ќе ја врачи на претставниците на неговото семејство – рече Шилегов.

На доделувањето на признанијата на матурантите – првенци присуствуваше и амбасадорот на ЕУ во нашата земја, Дејвид Гир и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

Шилегов и Гир изразија сочуство за починатиот матурант Тони Сали и испратија порака неговиот спомен да биде голема мотивација во реализирање и носење на големи промени на пат кон успехот.

15.06.2021 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега