Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зимата рано се буди: Метеоролозите откриваат кога паѓа првиот снег во Македонија
    • Македонија се создаваше низ лелеци и крици, не низ аплаузи: Премиерот со силни пораки за Денот на Македонската борба
    • Скопјанка оштетена за 2.000 евра: Се претставил како катастарец и ѝ ветил приватизација на државно земјиште
    • Полициска акција ширум Скопје и околината: Приведени повеќе лица поради поседување дрога
    • Доделени државните награди „23 Октомври“: Јолевски, Стојков и Лилчиќ Адамс се годинешните лауреати
    • Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови
    • Мицкоски: Откако сум премиер сите говорат за желбите, а никој за планините што ги носам
    • Франција пред нов бран протести како во короната: Воведени полициски час и забрани за собири, затворен музејот Лувр
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Томовски: Ќе ги тужам СДС за лагите кон мене

    Томовски: Ќе ги тужам СДС за лагите кон мене

    10.12.2025 во 20:273 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во денешната емисија „Тема на денот“ на Сител телевизија гостуваше Ивица Томовски, директор на СОЗР, каде остро реагираше  за  обвинувањата од страна на СДС за непотизам и коруптивни тендери.

    Тој истакна дека ова не е прв пат да биде обвинуван за афери кои не држат вода, нагласувајќи дека веќе се преземени правни чекори.

    „Не е ова прв пат да бидам обвинуван од СДС за разно разни афери коишто не држат вода и коишто се невистинити. За овој случај којшто деновиве е актуелен ветив дека ќе покренам тужба, уште во текот на утрешниот ден имам договорено состанок со адвокатите коишто ќе ги разгледаат сите можности, секој можен начин и секое можно дело да го отворат“, вели Томовски.

    Томовски во врска со компанијата Сити Аутсорсинг, ги отфрли сите обвинувања како невистинити и тврди дека компанијата е продадена уште во 2022 година и дека ниту тој ниту негови блиски имаат било каква врска со неа.

    „Апсолутна невистина, татко ми е сопственик на таа компанија на самиот почеток до 2022 кога ВМРО-ДПМНЕ и ние сме во апсолутна опозиција во тој момент, кога јас влегувам во круговите на повисоката политика, ја продаваме односно ја отуѓуваме компанијата, ја отуѓува татко ми не јас, од тој ден навака јас немам никаква сопственичка структура ниту мој близок има сопственичка структура во оваа компанија, ниту јас приходувам или имам некаков интерес од истата“, рече Томовски.

    Томовски пак во однос на обвинувањата дека негов телефонски број се појавува како контакт во компанијата, објасни дека бројот не е сопственост на фирмата и дека лично го плаќа.

    „2022 година излегуваме, телефонскиот број не е во сопственост на компанијата, јас го плаќам како име и презиме тоа е проверливо, може да се провери во Телеком, а  исто така и компанијата го прочитав демантот којшто го имаше, каде што демантира дека телефонскиот број е во сопственост на таа компанија, ниту внук ми ниту татко ми се дел од таа компанија, може тоа исто да се провери“, рече Томовски.

    Томовски порача дека е подготвен институциите целосно да го испитат случајот, потенцирајќи дека по завршувањето на постапката е убеден дека ќе се издаде документ кој според него ќе ја потврди неговата невиност за овој случај.

    „Јас би ја повикал Државната комисија за спречување на корупција, обвинителство сите да покренат случај и би ги замолил доколку може тој случај брзо да го решат и само на тој начин можам да ја покажам, докажам мојата невиност. Они ме обвинуваат, расфрлаат со пердуви јас демантирам, но институциите треба да одлучат и да пресудат што е вистина, а што е лага. Јас ве уверувам дека ќе добиеме еден ист ваков документ, после кој тие ќе треба да се извинат, и без разлика дали ќе одлучат да се извинат или не, напоменав дека јас покренувам тужба“, истакна Томовски.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.