„Се издвоија околу 6 милиони денари за целата оваа постапка. Она што го направивме како Влада, уште на самиот почеток, одма, веднаш интервениравме. Од првиот ден почнавме да носиме миниум по два шлепери на ден. Околу 70 тони питка вода за пиење“, рече Томовски.
Томовски се осврна на мерките кои биле преземени од страна на СОЗР и Владата за време на кризната состојба со водата во Гостивар. Тој посочи дека интервенирале уште од првиот ден и како што кажа тој, на граѓаните на Гостивар во континуитет им биле доставувани најмалку по два шлепери дневно, односно околу 70 тони питка вода дневно.
„Можам да кажам дека во континуитет доставуваме по 2 шлепери, некогаш имаше и одредени поголеми количини бидејќи имаше и компании коишто донираа дополнителни количини на вода. Мислам дека покривме целосно за граѓаните, беше доволно бидејќи кон крајот како завршуваа деновите дел од граѓаните имаа обезбедено и поголеми количини во своите домови“, заврши Томовски.


